135
Захир Бектеши Чауш доби двеипол години казна затвор и парична казна од 123.000 денари за сторени кривични дела – фалсификување на исправа и злоупотреба на податоци.
Затворот е за фалсификување на исправа додека паричната на злоупотреба на податоци. За истите дела е осуден и брат му Имер Бекири, на една година затвор и парична казна од 61.500 денари.
Исто така судот ја укина мерката притвор се додека пресудата не стане правосилна, а Обвинителството има рок од 48 часа да поднесе жалба на одлуката за притворот.