Од утре стратува со работа комисијата за импичмент на Иванов, СДСМ ќе се жали пред Управен

од desk3
123 прегледи

Комисијата за импичмент на Претседателот, Ѓорге Иванов утре почнува со работа, изјави претседателот на Комисијата, Зоран Илиоски.

Денеска ќе се одржат неколку состаноци на пратеничките групи за да се допрецизираат деталите.

Former Yugoslav Republic of Macedonia (FYROM) President Gjorge Ivanov and  EU enlargement commissioner give a press conference on September 4, 2012  after their talks at EU headquarters in Brussels. Macedonia was granted EU candidate status in 2005, but the start of the accession talks has been blocked ever since by Greece due to the name row.  Athens and Skopje have been at loggerheads over the right to the name Macedonia since the former Yugoslav republic proclaimed independence in 1991, as a northern Greek province has the same name.  AFP PHOTO / GEORGES GOBET        (Photo credit should read GEORGES GOBET/AFP/GettyImages)

Пратеничката Рената Дескоска од СДСМ вчера рече дека не е обезбедена соодветна застапеност на членовите во комсијата и дека донесената одлука ќе ја обжалат пред Управниот суд.

– Комисијата за импичмент треба да има претседател и 10 члена, со тоа што треба да биде обезбедена соодветна застапеност од пратеничките групи и од пратениците кои не се огранизирани во пратенички групи. Каква е таа соодветна застапеност, кога ВМРО-ДПМНЕ добива апсолутно мнозинство во Комисијата, а такво нема во Собранието. Согласно соодветната застапеност на пратеничката група на СДСМ, во Собранието ние треба да имаме 3 члена, а вие 5. Согласно вашето самоволие вие сте ни предложиле ние да имаме два члена, а вие шест. Тоа е комплетно незаконито – рече Дескоска.

Шарената револуција ја обои и “палатата” на Зврлевски

Oваа ад-хок комисија има рок од 7 дена да поднесе извештај, по што Собранието има рок од 7 дена да закаже расправа за извештајот.

Слични содржини