(ВИДЕО) Повторно одложено судењето на Савески и Куновски од Левица

од desk3
144 прегледи

Повторно е одложено судењето на членовите на партијата Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски. Тие се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов на протестите по неговата одлука за помилување на 56 лица. Судот денеска го одложи рочиштето за 10 јуни.

Одбраната се уште не го добила вештачењето поради тоа што не може да ја подготват листата на докази.zdravko-saveski-670x893

Како што тврди адвокатот Сашко Дуковски вештачењето е важен елемент за тие да можат да ја подготват одбраната. Досега вештачење добил само еден од обвинетите и тоа вчера попладне.

Обвинителката Снежана Бундалевска посочи дека одбраната можела да се координира со клиентите и денеска да дојде подготвена на судењето, освен „ако не се работи за тактизација“.

И двете страни се согласија дека мерката за притвор е бесмислена, но сепак обвинетите демонстранти остануваат во куќен притвор.

 

Кривичниот суд на 27 мај одреди уште 30 дена домашен притвор за Савески и Куновски и ова ќе им биде втор месец во куќен притвор.

Судскиот процес против членовите на Левица претходно се одложуваше два пати.

Левица: Апелационот суд да го укине куќниот притвор за Савески и Куновски

Пред неколку дена Апелациониот суд ја одби жалбата на Обвинителство, кое бараше тие да бидат префрлени во притворско одделение во затвор, додека тече судскиот процес.

Слични содржини