(ВИДЕО) СДСМ: Како се збогатил Влатко Ѓорчев?

од desk3
215 прегледи

 
Три дена ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев молчат за непријавените месечни хонорари од 1.200 евра за неговата сопруга, преку Министерството за надворешни работи.

Нема одговори зошто Влатко Ѓорчев не ги пријавил овие приходи, коишто му донеле околу 15.000 евра за само една година, во Анкетниот лист?

Можеби токму Анкетниот лист на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги има одговорите за молкот и непријавените приходи?

GjorchevkukaBardovci1

Вкупниот имот на Влатко Ѓорчев пријавен во Анкетниот лист тежи речиси 400.000 евра!

Студентите коишто живеат во соби со мувла, но и граѓаните прашуваат како се збогатил Влатко Ѓорчев?

Како тоа за две години се купува оваа куќа зад мене од 125 м2 и плац од 500м2, за околу 140 илјади евра?

GjorchevkukaBardovci2

Како и покрај тоа што купил куќа успеал официјално да „заштеди“ уште 19.000 евра, според Анкетниот лист?

Има ли и други непријавени приходи Влатко Ѓорчев што ги крие од јавноста?

Дали „тајната формула“ на Влатко Ѓорчев се непријавените приходи?

GjorchevkukaBardovci3

Додека студентите живеат во катастрофални услови, функцинерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат.

Ова е уште еден пример зошто правдата мора да се врати во Македонија, зошто аболицијата мора целосно да биде поништена.