Маж од кинескиот град Фуцин во покраината Фиџијан, ја заглави главата во барабанот на машината за перење. Инцидентот се случил во неделата попладне.
Според кинеската CCTV + при приемот на пријавата за него пожарникарите веднаш реагирале и по полoвина час успеале да го ослободат несреќниот маж .
Тие “внимателно ја разделиле рамката од нерѓосувачки челик од барабанот” и го извадиле мажот, се вели во репортажата, од кој исто така беше потврдено дека пожарникарите користеле моторни пили за целта.
