Пред два месеци, кога беа назначени, новите министри на ДУИ изавија дека ќе го надминат секој предизвик. Нивната задача требаше да ја вршат до одржување на предвремените парламентарни избори на петти јуни, што беше кратко време за да се докажат во нивната работа. Сепак, тие не се чувствуваат искористени, информира ТВ21.
„Апсолутно не се чувствуваме искористени. И еден ден да останеме на оваа функција ќе се обидеме да ги решиме проблемите со кои ќе се соочиме“, рече вицеремиерот Фестим Халили.
ТВ 21 неофицијално дознава дека ДУИ планира ново реконструирање на владиниот кабинет.Новиот министер за економија, Дритон Кучи се изненади од новинарското прашање за евентуална замена на некои министри во актуелната Влада. Заедно со него, беа назначени уште пет други млади кадри од редовите на ДУИ.
Од извори во владината коалиција, ТВ 21 дознава дека најмалку двајца од петте министри ќе бидат заменети. Се очекува измени да се случат и на едно од вицепремиерските позиции.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за ТВ 21 вели дека гласините за второ реконструирање се шпекулации. И членот на раководството на ДУИ, Рафис Алити, ги негираше овие информации. Министерот за економија, Дритон Кучи, вели дека не знае дали ќе има повторно реконструирање на владиниот кабинет. Кучи вели дека лидерот Али Ахмети заедно со централното раководство на ДУИ, се единствените кои можат да направат каква било измена во владиниот состав.
Целиот текст можете да го прочитате тука