Бегалци во кампот кај Идомени на грчко-македонската граница, се веќе исчистени

Балканските земји се претвораат од транзитни во целни дестинации за мигрантите и треба да се справи со предизвиците на интеграцијата. Ова го изјави комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Мујжниекс, цитиран од “Балкан инсајт”. Денес Мујжниекс го објави својот извештај за менување на трендови на миграциската бран кон Европа и предизвиците при интеграцијата на бегалците. Според него главни проблеми се недостатокот на курсеви по јазици во земјата домаќин, недостаток на усогласување во нивниот образовен систем со потребите на децата-мигранти, комплицирана процедура за обединување на бегалски семејства, долгите процедури за добивање на државјанство и ниската вработеност меѓу мигрантите.
“Земјите од Западен Балкан се доживуваат како транзитни, но блага полека се претвораат во стандардна дестинација “, изјави Мујжниекс, истакнувајќи ја потребата од политики на интеграција и инклузивно образование во регионот. Како особено голем предизвик, комесарот ја истакна токму толеранцијата во образовниот систем, и потсети за постоечките проблеми со ромските и другите малцинства во овој поглед.
“Во Западен Балкан има комбинација од фактори. Едниот се односите на етноси, кој може да доведе до зголемување на ксенофобичните движења и анти-миграциски расположенија. Друг е недостатокот на искуство и ресурси за усвојување на толку сериозен број мигранти “, изјави Мујжниекс, но додаде дека има примери за успешна интеграција со малку ресурси, како во Португалија.
Претставникот на Советот на Европа пофали бегалските центри во Хрватска, а особено за Бугарија истакна дека има “бавно подобрување” во условите за прием на бегалци. Во однос на нелегалните граѓански единици кои се обидуваат да фаќаат илегални мигранти по јужните граници, Мујжниекс истакна дека властите во земјите треба да ги осудат нивните активности. “Но има други (јавни кругови), кои имаат неутрална и дури позитивна позиција за овие групи и тоа е многу опасно – никој не треба да биде охрабруван да го зема законот во свои раце”, изјави комесарот и повтори дека токму недостатокот на адекватни политики за интеграција доведува до пораст на десничарските чувства во општеството.
Од март наваму балканскиот миграциски правец кон Западна Европа бележи мал пад откако земјите на север од Грција ја покренаа иницијативата на Австрија и ја затворија границата за движење. Според проценките на различни аналитичари и институции можно е миграциски тек да биде пренасочен по нови правци, наместо Македонија кон Албанија , Италија, вклучувајќи и преку Бугарија.