Што сака Ердоган во Африка- партнер или неоосмански колонизатор?

од desk3
185 прегледи

Повеќе амбасади и трговски претставништва, засилена стокова размена, врски во економијата и културата. Турскиот претседател Ердоган се интересира повеќе за Африка. Што сепак се крие зад овој ангажман на Анкара?-анализира DW.

erdogan

За време на неговата сегашна официјална посета на африканскиот континент турскиот претседател Ердоган води со себе огромна делегација од стотина претставници на турскиот бизнис. Целта е да се прошират економските врски, на пример со Уганда и Кенија. Средбата меѓу Ердоган и претседателот на Уганда Јовери Мусевени дури ги носи белезите на историски настан – тоа е прва официјална посета на турски претседател во африканската држава.

Само економски интереси?

Шефот на истражувачкиот центар за Југоисточна Европа и Кавказ во германскиот град Зиген Кристијан Јоханес Хендрик потсетува дека турскиот ангажман во Африка не е од вчера. Уште во 1998 година започнува приближување со Африка – под раководство на тогашниот премиер Месут Јилмаз. “Уште тогаш Турција имаше планови за Африка, кои сепак не успеа да оствари целосно поради внатрешно-политички проблеми. Турција забележа дека во суб-сахарска Африка има стопански раст”, вели тој.

Ердоган ја продолжи оваа идеја, но со една значајна разлика од својот претходник. “Во намерите на Ердоган се крие нешто повеќе од чисто економски интереси. Турција се концентрира на земјите во Африка, со претежно сунитско население”, вели Хендрик. Уганда и Кенија се токму такви земји. И тие играат особено важна улога во плановите на Ердоган, продолжува експертот.

0,,19298312_401,00

Шефот на канцеларијата на германската фондација “Хајнрих Боел” во Истанбул, Кристијан Бракел е исто така убеден дека Ердоган гони и религиозни цели во Африка. Добар пример во овој поглед е Сомалија. Ердоган секогаш истакна колку добро се развива конструктивната соработка на Турција со “неупешната држава”. “Во Сомалија тој рече: Западот Ве остави за да неуспеете, а сега Турција покажува дека се уште може да се направи нешто. Ние исто така сме муслимани и ве разбираме многу подобро”. Неодамна Турција изгради и воена база во Сомалија, во која ќе се обучуваат владините сили.

Партнер или неоосмански колонизатор?
Со претседателот на Уганда Ердоган разговарал соработката во туризмот, одбраната, образованието и миграцијата

Надворешно-политичката офанзива во Африка треба да ги обезбеди регионалните интереси на Турција на глобално ниво. На овој начин Турција влегува во директна конкуренција со други растечките земји како Бразил, Индија и Кина. Притоа Турција не се интересира толку од африканските суровини, колку од гласовите на африканските држави во ОН, смета Кристоф Хендрик. Реџеп Ердоган и неговата влада сакаат Турција да игра повеќе активна улога на светската сцена. Оваа политика на Анкара често бива класифицирана како “неоотоманизам”:

Анкета: За Русите најголеми непријатели се САД, Украина и Турција

“Се плашам дека Турција сака да ги преземе функциите на морален бранител во старите отомански територии. Според мене, Турција сака да освои хегемониална позиција во секој регион. Мислам дека наскоро тоа се вистинските интереси на турското раководство”, вели германскиот експерт . Економските цели се исто така важни за Анкара, додава тој.

Демократија и граѓански права

Откако Ердоган води тужби против негови критичари и сатиричари во татковината и во странство, едвај можеме да очекуваме тој да ја подигне во Африка темата за слободата на мислењето и човековите права. “Турција воопшто не е заинтересирана за извоз на вредности во Африка – ниту во позитивна ниту во негативна смисла на зборот”, вели Бракел. Лидерите на Уганда и Кенија нема од што да се плашат во овој поглед. По тој повод Кениски карикатурист Гадо го нацртал Ердоган како неоосмански лидер со турбан на главата, пристигнат со подароци: прогонувани новинари, опозиционери и претставници на граѓанското општество.


Повеќето набљудувачи се убедени дека Турција одново ќе се обиде речиси незабележано да ја зајакне својата улога на африканскиот континент, додека светот го насочил вниманието кон војната во Сирија и бегалската криза. И Турција веќе постигна многу во овој поглед. Од 2002 година наваму таа го удвои бројот на своите амбасади на африканскиот континент до 20, од 15 кои се во суб-сахарска Африка. А трговската размена на Турција со африканските држави во меѓувреме се зголемил шесткратно.