Една од најголемите придобивки на Договорот од Пржино е формирањето на Специјалното јавно обвинителство. Наводно поддржано од сите четири политички партии.
Суштинска цел на постоењето на СЈО е да се врати владеењето на правото и правната држава. Законот да важи за сите подеднакво.
Една година потоа, опструкциите на работата на СЈО од страна на власта продолжуваат. Опструкциите се предводени од Никола Груевски и неговите пропагандни гласила.
За да се реши кризата во Македонија мора да има правда. Мора СЈО да биде оставено независно да ја врши своjата работа. Затоа, бараме:
• Уставниот суд ВЕДНАШ да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за СЈО.
„Мелимејт“ скопска фирма со идентично „офшор-педигре“ како „Ексико“
• Срамните и неуставни одлуки за аболиција од страна на Ѓорѓе Иванов ВЕДНАШ и ЦЕЛОСНО да бидат поништени.