Се отвора можност за поголема соработка меѓу македонските и либанските компании

од desk3
71 прегледи

Либански бизнисмени се заинтересирани за соработка со македонски компании од областа на трговијата, индустријата и недвижностите, а не ја исклучуваат можноста и да инвестираат.

Ова денеска го истакна претседателот на Либанско-македонскиот совет на бизнисмени, Самир Суфан, во Стопанската комора на Македонија.

liban

Нашите компании очекуваат дека преку соработка со трговските компании од Либан ќе успеат да го прошират извозот и во овој регион, кој е еден од најголемите пазари.

Претседавачот на собранието на Стопанската комора, Антони Пешев, посочи дека за реализирање на соработката моментално нема законски пречки.

Стопанската комора и Либанско-македонскиот совет на бизнисмени денеска потпишаа договор за соработка.

 

МЕТА