Во првиот квартал стапката на слободни работни места изнесува 1,38 проценти

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Стапката на слободни работни места во Македонија во првиот квартал годинава изнесува 1,38 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

B522DC7EA03A9144B58BA3DBBBBDF213

Најголем број слободни работни места, 2.025, има во петтата група занимања  „работници во услужни дејности и продажба“.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот  „градежништво“ и изнесува 2,66 проценти, а најмала во „јавна управа и одбрана“, „задолжително социјално осигурување“, каде што изнесува 0,12 проценти.

Деловните субјекти со 20 до 49 вработени се со највисока стапка на слободни работни места.