Апокалипсата која според календарот на Маите требаше да се случи на 21 декември 2012 година, всушност не ни поминала, туку се одложи за 3 или 4 јуни 2016 година, поради забуната со престапна година, пишува “Индија Тајмс”.
Изданието посочува дека античките Маи можеби правилно ја направиле нивната работа, а крајот на светот бил погрешен читан од страна на современите научници.
Што предводува Нострадамус за 2016-та?
Древните Маи сметааТ дека Апокалипсата ќе настапи по 5126-годишнИОТ циклус, по што ќе следува нова ера на благосостојба и на позитивни енергии. Но тие не информираа за престапна година, за која се досетил Ентони Авен од Универзитетот Колгејт. Тој пресметал дека постојат 1260 дена разлика меѓу Јулијанскиот, Грегоријанскиот календар и овој на Маите.
Јулијанскиот календар е со времетраење 365.25 дена и предвидува престапна година. Грегоријанскиот календар го определува времетраењето на годината на 365.24или25 дена и исто така ги зема в предвид престапните години.
Крајот на светот доаѓа оваа есен, тврди порторикански Пастор
Но кај Маите една година трае само 365 дена и тие не земаат предвид престапна година.
Па ако додадеме кон 21 декември 2012 1260 дена се добиваат токму 3-4 јуни 2016 година.
