(ВИДЕО) Сугарески: Вељаноски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат да закажат седница за пратенички прашања

од desk3
115 прегледи

 

Поминаа многу повеќе од 100 дена откако Емил Димитриев застана на премиерската позиција, но Собраниска седница за поставување на пратенички прашања се уште нема закажано.

Јавно прашувам зошто Трајко Вељановски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат да свикаат Собраниска седница за поставување на истите.

Собранието одреден период не работеше, поради едностраната и неуставна одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но Владата на Емил Димитриев функционираше, барем официјално.

-и-ВМРО-ДПМНЕ-се-плашат-да-закажат-седница-за-пратенички-прашања

Откако едностраната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ самите ја повлекоа, според собранискиот Деловник Велјаноски имаше обврска да закаже седница за пратенички прашања, вообичаено, секој последен четврток во месецот.

Но ВМРО-ДПМНЕ се плаши од граѓаните, се плаши од вистината.

Очигледно и во ВМРО-ДПМНЕ и во ДУИ знаат дека Владата на Емил Димитриев ги нема спроведено потребните реформи за кредибилни избори, за што беше избрана.

Една од причините што се уште не се создадени услови за слободни, фер и кредибилни избори е тоа што Емил Димитриев одработуваше партиска агенда на ВМРО-ДПМНЕ а не државна агенда.

Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, Специјалното јавно обвинителство е под постојани опструкции, има селективна правда…

Намерно се создаваше дополнителн хаос, на штета на граѓаните, со незаконските одлуки со коишто се поништија сите одлуки на министрите од опозицијата.

Бараме седницата за поставување пратенички прашања да биде свикана во најкраток можен рок.

Собранието има обврска да тоа да го обезбеди, а граѓаните имаат право да слушнат што работеле и што работат министрите на отворена, јавна седница.