(ВИДЕО) Обидите за заплашување на демонстрантите во Битола не престануваат

од desk3
84 прегледи

 

Паниката и стравот коишто владеат во ВМРО-ДПМНЕ се се’ поголеми.

За спас на сопствената кожа на Груевски и фамилија околу него, МВРО се обидува да го штити криминалот на власта.

Уплашената власт сака да ги заплашува граѓаните кои повеќе од 50 дена секојдневно протестираат барајќи правда, борејќи се за слобода и демократија. Аболицијата од страна на лицето Ѓорге Иванов мора целосно да се поништи.Талески кој се сомничи за злоупотреба на 360.000 евра мора веднаш да поднесе оставка.

-за-заплашување-на-демонстрантите-во-Битола-не-престануваат

Во текот на изминитате неколку дена во Битолската полиција беа повикани на разговор 84 учесници во демократските протести на Шарената револуција од Битола. Денеска за 26 од нив се поднесени кривични пријави за “оштетување туѓи предмети”.

Вистинските криминалци се во власта а за граѓаните што се борат за правда, слобода и демократија кривични пријави. Толку е голем стравот кај Никола Груевски.

Ова е последен и очаен обид слободоумните и храбри битолчани да се оттргнат од намерата да протестираат за слободно и демократско општество во кое законот ќе важи поддеднакво за сите, а криминалците коишто се огрешиле пред него ќе одговараат.

Граѓаните од цела Македонија без разлика на политичка, верска или национална определба секојдневно се кренаа во одбрана на правдата, вистината, демократијата.

Секој ден, се помасовно граѓаните излегуваат на улица да го изразат својот револт од криминалната власт на Никола Груевски што 10 години им го уништува животот на граѓаните.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можејќи да се помират со реалноста дека нивниот крај се ближи, со последни сили се обидуваат да влијаат со притисоци врз граѓаните.

Џабе им е. Доаѓа слободата и демократска Македонија. Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Продолжуваме и денес во 19:00 часот Магнолија, да ја изразиме поддршката за нашите другари соборци.