Не е исклучено ниту лево , ниту десно туку токму во центарот.
Лидерот на партијата „Обединети за Македонија“ и поранешн министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е ослободен од затвор, потврди за МИА директорот на затворот „Идризово“ Живко Пејковски. Тој рече дека Бошкоски е пуштен неколку дена пред истекот на затворската казна, која му завршуваше на 6-ти овој месец. – Бошковски е ослободен денеска во 14:10 часот, со оглед дека се создадоа услови за негово пуштање пред истекот на казната, рече Пејковски.
Бошкоски издржуваше петгодишна затворска казна, а беше осуден за случајот „Кампања“ за нелегелно финансирање на изборната кампања.
Тој беше означен како политички затвореник во повеќе домашни и меѓународни извештаи, меѓу кои и на американскиот Стејт департмент.
Отkако беше пуштен Бошковски замина за родното село Чеопек, а засега од нема најави кои се неговите следни чекори .Че има ли следен негов политички ангажаман во овој период на политичка криза, засега е тајна, но познавајќи го каков карактер е , многу е извесно дека се враќа во политиката. Не е исклучено овојпат Бошковски да влезе во пакетот на третата опција ниту лево ниту десно , туку точно по средината.