Сликите ќе бидат изложени во Музејот на модерна уметност
Илјадници колумбиски мажи и жени се соблекоа вчера, за да станат дел од големата гола слика. Фотографијата е дел од масовниот проект за голо уметност на Спенсер Тјуник во Богота.
Според учесниците ова е ретка можност тие да се вклучат во нешто уникатно, соопшти bTV. Сликите ќе бидат изложени во Музејот на модерна уметност во колумбиската престолнина подоцна оваа година.
Самиот Тјуник снимал над 75 вакви таканаречени “човечки инсталации” ширум светот.