Пред неколку дена американската поп ѕвезда Алиша Кис настапи во финалето на Лигата на Шампионите во Милано, а на сите гледачи им остави впечаток фактот дека таа немаше ни капка шминка на лицето.
Излезе дека пејачката намерно се појавува пред стотици милиони фанови без шминка, бидејќи тоа ѝ помага да ги надмине своите комплекси.
35-годишната пејачка објасни дека до неодамна често се криела зад мејкап, бидејќи сметала дека не е доволно добра за да се појави во природен изглед пред светот.
Алиша призна дека одлучила да се појави со природен изглед во центарот на вниманието, за да почувствува посилна контрола над себе.
Таа изјави: “Секој пат кога излегувам од дома сум загрижена дека ако не ставам шминка и ме сликаат, ќе изгледам ужасно. Тоа беа несигурни, површински мисли. Веќе не придавам толку големо значење на она што другите луѓе мислат за мојот изглед. ”
Кис ќе биде без шминка и на сликата за корицата на претстојниот албум, чие дело е на фотографот Пола Кудачки.
Алиша додава: “Музиката ми е сурова и реална, сакам и моето лице да е такво.”
Поп ѕвездата додава дека откако се појавува без шминка се чувствува силна, слободна и навистина убава.
Со оваа своја позиција пејачката направи мини револуција и успеа да инспирира голем дел од своите 5,8 милиони фанови во Instagram.

Фото: gettyimages.com