Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 1.489.998.000 долари и бележи пораст од 9,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Вредноста на увeзената стока во истиот период изнесува 2.093.891.000 долари, што е за 4,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит во периодот јануари-април изнесува 603.893.000 долари./извор Мета
