МВР потврди: Вработени на Економски факултет се осомничени за примање поткуп

од desk3
103 прегледи

Одделот за организиран криминал на Министерството за внатрешни работи (МВР) во координација со надлежното јавно обвинителство ја спроведува акцијата на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, потврдија за „Мета“ од МВР.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Одделот за справување со организиран и сериозен криминал презема мерки и активности во координација со Основното јавно обвинителтво на УКИМ, поради сомневање за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и примање поткуп, сторени од вработени на Економскиот факултет“, велат од МВР.

Оттаму не откриваат колку и кои лица се осомничени за кривичните дела и дали има уапсени, а повеќе детали за акцијата најавуваат за утре.

Уапсен професорот Бобек Шуклев

Според неофицијални информации, во полициската акција, под кодно име „Еразмус“ , е уапсен професорот и поранешен декан на Економскиот факултет, Бобек Шуклев, а полицијата, наводно, трага по уште седум лица, од кои дел се негови колеги.

Дел од медиумите неофицијално пренесуваат дека еден од осомничените е член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

 

МЕТА

Слични содржини