„Шарена револуција“ УЛТИМАТИВНО!- Имате рок до 18 јуни или ќе ја земеме демократијата во свои раце

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Активистите на „Шарената револуција“ ги повторија и претходните барања да се формира преодна влада што ќе ги организира изборите и ќе ги спроведе реформите од извештајот на Прибе, формирање на специјално одделение во судот кое ќе ги процесуира случаите на СЈО, оставка на владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и оставка на Ѓорге Иванов од функцијата претседател.

Демонстрантите рекоа дека го менуваат форматот на протести со најава дека тие ќе бидат радикализирани, а в среда точно напладне ќе ги блокираат сите сообраќајници во Скопје, бидејќи „оваа власт 10 години го блокира нормалниот живот во Македонија“.

(ФОТО/ВИДЕО) Целиот плоштад “Македонија” офарбан во црвено, почит за Мартин Нешковски

Протестот кој денеска беше масовен и на кој излегоа повеќе илјади граѓани, почна пред СЈО, од каде демонстрантите продолжија преку булеварот Климент Охридски до Владата. На крстосницата кај Соборен храм тие го пробија полицискиот кордон и тргнаа кон Владата, која повторно беше обоена во боите на „Шарената револуција“.

– Првиот чекор од нашиот план беше повлекување на аболицијата, што денеска се случи откако Иванов ги повлече сите помилувања. Планот содржи уште два важни чекори кои мора да се направат: Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО на кое му се заканува ризик да биде прогласено за неуставно, а партизираниот суд да ги заштити криминалците и, второто барање, да запре прогонот на демонстрантите и да бидат повлечени сите пријави против лица кои протестираат – рече активистката Симона Спирковска

13407396_10154193537964804_414441764_nТаа додаде дека доколку нивните барања не се исполнат до 18 јуни, „граѓаните ќе ја земат демократијата во свои раце и на свој начин“.13391060_10154193499979804_1301400939_n

Мета,Нова, Локално.мк

Слични содржини