Нема повлекување, имаме и план А и Б и Ц и Д.. и ја имаме поддршката од граѓаните, Груевски е во страв и секојдневно сам се посипува со пепел. Тој како нешто не дозволува, а всушност паѓа и се урива тоа злосторничко здружување.Доаѓа крајот на бандитизмот и враќање на институциите.
За жал ние имаме нелегитимен претседател,Стево Пендаровски требаше да победи, имаме нелегитимен параламент кој само изврушува наредби на злосторничката банда, нелегитимно парламентарно мозинство, јас ќе победев со над 10000 гласа а не со 2100 разлика и добар дел од овие градоначалници и советници немаше да се овие на власт. Јас сум и за тоа да се оди и на претседателски и параламентарни,, локални заедно и да ги вратиме институциите на граѓаните за да се елиминира овој срам за државата, вели во интервју за локално.мк лидерот на опозицијата Зоран Заев. Една изборна единица за цела држава би било добро за демократска Македонија.
СДСМ има стрегија за илзез од оваа политичка криза и За оваа наша стратегија освен од САД и ЕУ, другите држви пријатели на Македонија, имаме поддршка од многу партии од македонскиот и албанскиот политички блок, вели лидерот на СДСМ.
Во ниедна варијанта нема откажување од борба до крај и избори на кои ќе бидат победени ВМРО ДПМНЕ а Груевски само ќе се посишува со пепел.
– Ќе има и целосно повлекување на аболицијата и нова влада која ќе ги спроведе реформите, како и активна регистрација за чистење на избирачкиот список, фер избори во октомври или во почеток на номеври. За оваа наша стратегија имаме поддршка од многу партии од македонскиот и албанскиот политички блок. Имаме поддршка од многу држави и од гаранторите на Пржинскиот договор – вели Заев.
погледнете го целосното интервју