Министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков денеска во 13.00 ќе одржи прес конференција во врска со вчерашната акција, во која специјалната полицијанавлезе во кампусот на универзитетот Св „Кирил и Методиј“, претресуваше и апсеше професори од Економскиот факлулетет
Петмина од осуммина осомничени во случајот “Еразмус” на Економскиот факултет на УКИМ вчера се приведени од полицијата. Станува збор за професорите Б.Ш. , Д.Ј. и С.Р.
Покрај нив приведен е и асистентот Д.Д. како и сопственикот на бифето во Економскиот факултет Д.Т. Уште три лица се повикани сами да се јават на распит во полициска станица.
Сите се сомничат за примање, давање поткуп, противправно посредување, злоупотреба на службена положба и овластувања, и други коруптивни дела.