Државните резерви во мај помали за 29 милиони евра во однос на претходниот месец

од desk3
73 прегледи

Девизните резерви во мај изнесуваат 2,16 милијарди евра што е за 29,5 милиони евра помалку отколку претходниот месец, објави Народната банка.

evra

Најголем пад е евидентиран кај резервите во валути и депозити, од 18,5 милиони евра.

Вредноста на монетарното злато во мај во однос на претходниот месец е намалена за 7,7 милиони евра и сега изнесува 237,9 милиони евра.

Резервите во хартии од вредност изнесуваат 1,65 милијарди евра, што е за 3,3 милиони евра помалку отколку во април.

 

META