Како ќе продолжат постапките за екс-аболицираните!?

од desk3
104 прегледи

Правната служба во МВР треба да одлучи дали шефот на Алфите -Ивица Анчевски Пуки ќе биде разрешен од функција. Откако претседателот Ѓорге Иванов ја повлече аболицијата во целост, сите осомничени на СЈО меѓу кои и Анчевски останаа без заштита од кривично гонење. Министерот Чавков кој го врати го врати Анчевски за командант на Алфите, вели одлуката е во рацете на правната служба во МВР, пренесува 24 Вести.

katica janeva

Речиси еден месец, правната служба на МВР не одговори дали на првоосомничениот во Тврдина, Горан Грујевски му е укината суспензијата која ја донесе Оливер Спасовски и дали е вратен на позицијата началник на 5-та управа.

Пред аболицијата, Грујевски беше во домашен притвор. Неизвесно е дали и како ќе биде продолжена оваа мерка. По повлекувањето на аболициите од вчера, СЈО не одговори кога и на кој начин ќе почне спроведувањето на мерките.

Распитот на екс министерката Гордана Јанкулоска остана прекинат на половина. Нарачателите на рушењето на Космос, како што објави СЈО- Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски не беа осомничени поради аболицијата, а иако од Специјалното обвинителство најавија проширување на списокот осомничени, засега нема информации што конкретно е преземено.

Кривичниот суд ја чека одлуката за поништување на аболициите од Иванов, а откако ќе ја добие ќе одлучи дали Звонко Костовски, кој беше единствениот осуден за нелегалното прислушување, а потоа ослободен поради аболицијата, ќе биде вратен во затвор.

Судот чека Катица Јанева да испрати барања за замрзнување на имотот на битолскиот градоначалник Владимир Талевски.

По помилувањето од Иванов, Јавното обвинителство ги прекина судските предмети, Поткуп и Пуч. Кривичниот суд очекува и обвинителството на Марко Зврлевски и специјалното на Катица Јанева да поднесат нови мерки по кои може да се донесе одлука за продолжување на почнатите процеси.

Слични содржини