Комисијата за надворешна политика на германскиот парламент на својата редовна 70. сесија закажана за денеска ќе распарава за Македонија.
На затворената за јавност сесија закажана за 9 часот за актуелната состојба во Македонија ќе се расправа во третата точка.
Предходно, членовите на Комисијата за надворешни работи ќе расправаат по точките за состојбата во Африка и германско – турските односи, а по Македонија ќе се расправа и за Русија, Косово, Либан и други теми.
Вообичаено комисијата расправа откако претставници на Министерството за надворешни работи ќе презентираат информации за состојбите по точките на дневен ред.
Груевски до Хајндл: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори, но без ново лицитирање со термини
Последна расправа за Македонија во Бундестагот се случи во март минатата година кога комисијата расправаше по информација подготвена од тогашниот специјален пратеник за Македонија Ернст Рајхел. Сесиите на Комисијата за надворешни работи се одвиваат без присуство на јавноста.
Денешната дебата за Македонија во Бундестагот коинцидира со посетата на специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл на Македонија и средбите со потписниците на Договорот од Пржино на кои се разговара за начините за надминувањето на политичката криза во земјата./MIA