САД и ЕУ демонстрираат висока толеранција кон однесувањето на лидерите во регионот.
На прв поглед, особено во споредба со другите делови на светот, Балканот изгледа во исклучителна форма. Особено последните години при амбиции за интегрирање кон Запад.
Во 2013 година Хрватска формално се приклучи кон Европската унија, по девет години на преговори. Претходната година Србија стана официјален кандидат за членство во Унијата. А, во 2014 година Албанија и се приклучи на Црна Гора и Македонија, кои преговараат за влез веќе неколку години.
Дури Косово, чија независност не ја признаваат пет земји-членки, потпиша Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ, положувајќи го патот на едно потенцијално идно членство.
Во меѓувреме минатиот декември НАТО упати официјална покана до Црна Гора; само еден месец подоцна без непотребен шум српската влада потпиша Индивидуален план за партнерство со Алијансата, со кој не само што се продлабочува соработката меѓу српските и западните воени експерти, туку им се дава на војниците на НАТО имунитет и правото на слободно движење низ територијата на Србија. Албанија и Хрватска се членки на Алијансата од 2009 година, додека кандидатурата на Македонија продолжува да се попречува од спорот за името со Грција.
Целта на западниот дипломатски изблик е да контрира руското влијание во регионот и да гарантира консолидацијата на демократските режими и владеењето на правото. И напорите на Западот изгледаат плодни.
Од близок поглед сепак плодот изгледа гнил одвнатре. Нова генерација автократи зазема Балканот, често пати со директното соучество на фанатички американски законодавци и расеани европски администратори. Навидум позападните во регионот дојдоа на висока цена.
Големите играчи во САД и ЕУ заедно преферираат да затворат очи за корупцијата, која ги напаѓа балканските влади, и се забележува притаен пораст на авторитарни лидери. Овие автократи дејствуваат по различни правила од оние што се користат во 90-тите: во меѓународен план ентузијастички се прегрнуваат со ЕУ во надворешната политика. Со исклучок на Србија истото важи и за НАТО. Добро се обучени и ги да држат западни дипломати со зборовите, кои очекуваат да слушнат, додека повеќето безобразно ги поткопуваат демократските принципи и владеењето на правото.
Овие лидери често пати поткопуваат внатрешни противници преку сојузи со олигарси, често пати зависни од државата за своето богатство и вршат директна контрола врз медиумите и судството.
Да го земеме за пример Црна Гора. Веќе 25 години државата со население 650 000 луѓе под една и или друга форма, се контролира од актуелниот премиер Мило Ѓукановиќ и неговата Демократска партија на социјалистите. На крајот на 90-тите Ѓукановиќ се отцепи од просрпската крило на партијата и во 2006 година ја изведе Црна Гора до независност од Србија.
Оттогаш земјата е личен вилает на презимето Ѓукановиќ. Италијански обвинители го обвинија премиерот во 2007 година, дека во 90-тите бил вмешан со шверц на цигари и перење пари, што тој жестоко го негира, се крие зад дипломатскиот имунитет од кривично гонење. Во 2009 година, Меѓународниот конзорциум на истражните новинари откри средства на името на Ѓукановиќ вредност од 15 милиони долари – за човек кој изјавува месечна плата од 1.500 евра, тоа изгледа премногу.
Во Македонија неколку децениското управување на десно-центристичката ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски беше придружена не само од ползечка корупција, но и од длабочината и отворено поткопување на демократијата.
Во минатата година избувна скандал со прислушување кој откри општата практика на Владата да користи тајните служби да шпионира опозицијата и сојузниците на Груевски.
До 2014 година ЕУ констатира многу малку проблеми во Македонија – по избивањето на скандалот истрага на Европската комисија утврди дека Владата систематски “се мешала во судството, ограничувањето на слободата на медиумите, извршувала изборни манипулации, нејасни границата меѓу држава и партија “.
Политичките последици од скандалот, вклучувајќи го парламентарниот бојкот на опозицијата, беа дозволени со посредство на ЕУ, кој гарантира оставката на Груевски и закажувањето на избори за следната година. Отсуството на Груевски од власта изгледа само привремено – тој води активна кампања со секојдневна медиумска присутност, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува да е најпопуларната партија во Македонија.
Од Хрватска до Албанија Балканот се исполнети со мрачни приказни за автократи, облечени во облеката на демократи. Сепак најголемата политичка трансформација – од воен злосторник до миленичеа Западот – несомнено припаѓа на премиерот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој брзо стана миленик на западните влади со желбата за прекинување на руското влијание во земјата. Се постигнато од Вучиќ се случи на позадината на жесток отпор од страна на владејачкиот партнер и поранешен ментор, претседателот Томислав Николиќ. И двајцата во крајот на 90-тите се политички сојузници на покојниот српски диктатор Слободан Милошевиќ.
Вучиќ беше меѓу ретките балкански лидери, прифатени во Белата куќа, каде разговараше со потпретседателот на САД Џо Бајден и советникот за национална безбедност Сузан Рајс. Со импресивен гест за Американците гест Вучиќ потпиша договорот со НАТО, поткопувајќи можно руско воено присуство во Србија.
Без изненадување Москва одговори со навредено однесување, но засега избегнува да преземе одмазднички потези.
Во суштина успеа делумно да им се допадне на Западот со демонстрирањето желба да продолжи преговорите со раководството на Косово, во обид да “нормализира” односите со новородената земја. Овие обиди сепак немаат ништо заедничко со вистинските намери на Србија некогаш да ја признае независноста на Косово или да го распушти паралелните институции кои одржува во северниот дел. Почуден притисокот на САД и ЕУ Косоварите се согласија да прифатат и интегрираат дел од овие структури, што предизвика политичка бура.
За различни причини политичките лидери во САД и ЕУ демонстрираат висока толеранција кон изстапувањата на балканските автократи. Во контекст на кризата во Украина американските приоритети се обратија кон проширувањето на НАТО и минимизирање на руското влијание во регионот, главно во Србија и Црна Гора. Што ги претвора лидери како Ѓукановиќ и Вучиќ на хартија како соговорници.
Промената на геополитичкиот пејзаж наметнува потребата од ефикасни балкански лидери: деновиве нивните можности да дадат брзи одговори на експедитивно барања на западните сили се ценети многу повисоко од достигнувањата во долгиот и бавен процес на демократски и судски реформи.
Бегалската криза Македонија ја стави како важна гранична земја и ЕУ ги затвори очите пред бруталните тактики кои се користат од властите да ги запираат мигрантите од Сирија и Блискиот Исток, кои тргнале кон Австрија, Германија или Франција.
Напорите на Србија за контролирање на бегалските текови беа исто така реномирани, особено предвид тензијата која се создаде ситуацијата во соседна Унгарија.
Зголемените грижи на западните општества со безбедноста и политичката стабилност се делумно одговорни за безгрижното брефтање на балканските автократи. Регионот може да обезбеди ефикасен тампон против влијанието на Русија во Европа и да го засили континентот против бегалските бранови од Блискиот Исток. Но ЕУ и САД треба да си постават прашањето дали прозападни олигарси, автократи и клептократи се најдобро решение од Путин и воопшто корисни ли се за долгорочните интереси на Западот во регионот.
