Од кабинетот на Иванов не одговараат на прашања со зборот на буквата „о“

од desk3
154 прегледи

„Прашањето е примено, одговор ќе добиете понатаму“, ваква реакција добивме вчера од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов на прашањето дали претседателот има намера да си поднесе оставка.

13162227_10153964136664733_740779666_n-860x680

Денеска од кабинетот на Иванов никој не одговара на телефонските повици.

Иако двапати претседателот ја погази и ја поништи одлуката за аболиција, а во Собранието за него се води расправа за импичмент, од неговиот кабинет воопшто не го ни споменуваат зборот со прва буква „о“.

Поддржувачите на „Шарената револуција“, кои денеска почнаа со блокади на крстосниците, ги повторија барањата кои, според нив, се клучни за излез од политичката криза и пак побараа оставка од Иванов.

Тачи по средбата со Хајндл: Обидите да се оживее Договорот од Пржино може да завршат неуспешно

Меѓу нивните барања е и формирање техничка влада, ослободување на сите притворени демонстранти и одржување на фер избори со прочистен избирачки список.

 

МЕТА

Слични содржини