Во Алжир е отворена клиника за зависници од Фејсбук поради стравот дека корисниците на екстремните исламистички групи би можеле да “им го исперат мозокот”. Приватната клиника е отворена во источниот град Константин, а програмот е посебно дизајниран за корисниците на социјалните мрежи. Во Алжир десет милиони луѓе ја користат оваа социјална мрежа и секоја година нивниот број се зголемува за 10 проценти.

Директорот на клиниката, научникот Рауф Богаф, стравува дека корисниците можат да станат цел на исламистите кои го користат Фејсбук како алатка за регрутирање. Сесиите за советување се достапни за “пациенти” кои би можеле да паднат под влијанјие на исламистите на социјалните мрежи.
Исто така, тимот на научникот Богаф се занимава и со зависности од дрога, пушење и алкохол.
“Постојат одредени ризици кои се потценети, кога станува збор за Фејсбук.”
Реузлтатите од третманите би требале да ги намалат психолошките, социјалните и безбедносните штети на оние кои живеат во виртуален свет.” – изјави Рауф Богаф.