На Уставен “не му се брза” за постапување по уставноста на СЈО

од desk3
90 прегледи

Иако тоа го побараа од “Шарената револуција”, а подоцна произнесување побара и првиот опозицинер Заев, на уставните судии не им се брза да постапуваат за уставноста на СЈО.

ustaven_sud_pres

На следната седница во вторник нема разгледување на иницијативата за испитување на уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство поднесена од лидерот на СМК- Тодор Петров.

Дневниот ред го прави претседателката на судот, Елена Гошева.

Сепак политичките толкувања во јавноста се насочени кон тоа дека судот ќе одлучува во даден политички момент кога тоа ќе одговара на одредена политичка структура, како на пр. што беше експресното постапување по иницијативата за испитување на уставноста на одлуката за одложување на распуштањето на Собранието што ја поднесе ДУИ, на само неколку дена од поднесувањето.

Слични содржини