Србија: мудрост или шизофренија?

од desk3
182 прегледи

Србија седи на две столици: одржува воени вежби и со Русија и со НАТО; бара приближување кон ЕУ, но сака и членство во Евроазиската унија на Путин. Мудра политика или поточно шизофренично однесување? Хеликоптери, падобранци, генерали и многу, многу телевизиски камери – заеднички вежби на српската армија со руски борбени единици се секогаш одлична глума.

0228829001381406907_544329_600x458

И оваа година претстојат такви маневри: антитерористичка вежба “Словенско братство” плус заеднички летови за обука во Русија. Српски војници редовно учествуваат и во маневри на НАТО, но за тоа речиси не се зборува. На пример водечките српски медиуми јавија само периферно за трите вежби спроведени минатата година во Германија. Една изјава на српскиот претседател Томислав Николиќ – дека Србија никогаш нема да влезе во НАТО, бидејќи неговата земја не сакала да води војни – повторно ја разгоре дебатата. А Белград продолжува да се држи на дуал позиција – воен аи политички шпага меѓу Русија и Западот.
Експертите се колебаат како да го дефинираат ова однесување – како мудра позиција на српското раководство или како недостаток на било каква долгорочна стратегија. Во секој случај српскиот конзервативен премиер Александар Вучиќ има искуство во такви дуал игри: подтикнувач-националист од 90-тите години на минатиот век денес се претставува како реформатор и фан на ЕУ, кого Брисел дури го смета за примерен ученик – заради прагматичните односи со поранешната српска покраина Косово. Истиот овој политичар сепак ја посети најнапред Москва, откако беше избран за премиер – за да се консултира со претседателот Путин.
Истото се случи и во април оваа година, откако неговата Прогресивна партија го задржа апсолутното мнозинство во парламентот – со помош на неколку мали и верни на Кремљ партии. “Куќа со две врати” “Учеството во воени вежби и со Русија и со НАТО е знак за тоа дека Белград не сака да се реши за една од двете страни”, вели за Дојче Веле српскиот експерт Михајло Црнобрања. Токму тоа го повторуваат и српските владетели: дека не сакаат да ја загрозат соработката ниту со Русија, ниту со Западот.

Каде исчезнаа странските служби на Груевски?

Затоа Србија треба да остане “куќа со две влезни врати”, како што тоа го формулира претседателот Николиќ. Таква куќа сепак е изложена од две страни на налетот на ветрот, вели за возврат директорката на белградскиот Центар за евроатлански студии Јелена Милиќ. Според неа учеството на српските војници во воени маневри истовремено и со двете страни е чист примерок за шизофренија. “Во моментов НАТО префрла свои единици кон Источна Европа – одговор на агресивното однесување на Москва во Украина и заканата за балтичките држави. Ако седи на две столици во една толку напната атмосфера, Србија само покажува дека не е суверена држава и не знае како да ги брани интересите “, вели Милиќ.
Тоа двојно однесување на Белград стана повод и за истрага од страна на Левицата во германскиот Бундестаг. Левите пратеници се интересираа дали потпишаниот минатата година “Индивидуален план за партнерство” меѓу Србија и НАТО не го поткопува принципот на неутралност, запишан во српскиот устав. Во одговорот на германската влада, со кој располагаме, се вели дека во овој план за партнерство никаде не се зборува за членство на Србија во НАТО. Затоа пак се потсетува дека има неутрални земји, кои и покрај тоа одржуваат партнерски односи со НАТО – како на пример Швајцарија, Австрија, Финска или Молдавија.
Соработката со Русија, вклучувајќи во воената област, во принцип не ја попречува европската интеграција на Србија, тврди германската влада. Но како кандидат за членство во ЕУ Србија се обврзала да ги хармонизира со европските стандарди и политиката за безбедност. А во својот коалициски договор партнерите од Големата коалиција во Германија се обврзуваат “активно да помагаат за приближување на земјите од Западен Балкан со ЕУ и со НАТО”.

Севим Дагделен, пратеничка од Левицата и член на надворешната комисија во Бундестагот, смета дека тоа претставува обид да се разводни српската неутралност.

“За поблиско приближување кон НАТО, ја турка Србија во едната насока и де факто ја претвора во противник на Русија и на сопствениот народ, мнозинството од кој е против членството на Србија во Алијансата”, вели левата пратеничка. Нејзината партија е единствената парламентарно претставена политичка сила во Германија, која проширувањето на НАТО го змета за провокација кон Русија. Во оваа врска Дагделен вели дека безбедноста во Европа може да има само со Русија. Професорот Црнобрња вели за возврат дека пристапувањето на Србија во НАТО и без друго е чиста утопија – бидејќи сеуште е свеж споменот за НАТО бомбардирањето во 1999 година за време на војната во Косово.
Две третини од Србите категорично ја отфрлаат идејата за членство на земјата во НАТО. “Искрено би бил изненаден ако во скоро време расположението се промени. Во моментов шансите се 1 до 20 против членството во НАТО”, вели српскиот аналитичар.
Европска или евроазиски унија?
Минатата недела руски државни медиуми објавија дека наскоро Србија ќе биде упримена во трговската зона на Евроазија економска унија, создадена од Русија. Српски министер ја потврди веста, а локалниот печат стори сé за да ја претстави во добра светлина. Најблискиот до владејачките весник “Политика” излезе со наслов “Путин дава зелено светло”, а “Вечерњи новости” напиша дека српските производи ќе се продаваат на пазар со 180 милиони корисници. Рускиот портал “Спутник” дури ја препорача Евроазиската економска унија како алтернатива на ЕУ. Во оваа врска аналитичарката Јелена Милиќ предупредува дека двете Унии не играат во иста лига: “евроазиски унија се занимава само со трговија и не се интересира за вредности, човекови права и правна држава”. Најдоцна до 2020 година Белград сака да ги исполни сите критериуми за членство во ЕУ. Професорот Црнобрња сепак смета дека најверојатно ќе биде потребно многу повеќе време. Време кое Белград ќе се обиде да го искористи во своја полза. Или како што се вели во една српска изрека – мирното јагне цица млеко од две мајки.
Извор: Дојче Веле