Како реакција на затвореноста на преговорите и најавената лидерска средба за наредните денови реагираат и други партии и се поглани и се и движењата кои не се дел од преговорите или најважните договори во државата. Од Унитети на Гзим Острени бараат да бидат дел од сите идни одлуки поврзани со граѓаните. Зулфи Адили од „Унитети“, вели дека учеството само на четирите најголеми политички партии во потпишување на Договорот од Пржино, всушност ја вметнало земјата во криза, и доказ дека тие немаат решенија.
Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, смета дека би било подобро сите политички партии да учествуваат во големите договори.
Од движењето „Беса“, истакнуваат дека освен политичките партии, во договорите треба да бидат вклучени и невладините организации како и експертите од различни области.
„Сметаме дека освен БЕСА, Невладините организации и експертите од различни области треба да бидат дел од преговорите. Само една експертска Влада може да ја извлече земјава од кризата во која се наоѓа“, изјави Фатон Фазлиу од Беса.
Гражаните велат пак, лидерските средби во четворка само се злоупотреба на позициите и употреба на резулттаите од последните избори кои се покажаа како нерелеванти, и никој повеќе не ги признава, така што и овие партии немаат легитимитет, само тие да преговараат за иднината на државата.