Жителите на индиската држава Западен Бенгал носат на тилот необични маски со ликот на човечко лице. Зошто? Во Индија живеат околу половина од светската популација на тигри. Тие живеат 18 држави – од Хималаите на север до Тамил Наду на југ. Особено многу тигри живеат на североисток, дури до границата со Бурма. Средината на живеење на тигрите може да биде различна – од зимзелени шуми до џунгли.
Индијците се одлично запознаени со навиките на овие опасни предатори и знаат дека тигрите обично напаѓаат во грб. Токму затоа, ако ги загрозува средба со огромната мачка, тие се надеваат на маска со ликот на човечко лице. Овој евтин трик е способен да одврати тигарот и да спречи напад. Истото правило впрочем важи и за лавови, јагуари, леопарди и други мачки. За да се убедат во тоа, вработените на засолништето за предатори од фамилијата мачки Big Cat Rescue во градот Тампа, Флорида (САД), направија едноставен експеримент. Резултатите покажуваат зошто не треба да се врти грбот на тигар или лав.
