77
МОСТ бара поголема улога во работната група на ДИК за ажурирање на Избирачкиот список. Златко Димитровски од оваа граѓанска асоцијација вели дека ако целта на формирањето на групата би била навистина нешто да се промени, тогаш невалдините организации не треба да бидат само обични набљудувачи, информира Алсат.
Димитровски смета дека фактот што ДИК одново ќе го отвори прашањето со Избирачкиот список покажува колку неуспешен бил досегашниот процес.
ДИК не одговрил на прашањетоа на Алсат, за тоа кога ќе почне со работа групата за верификација на Избирачкиот список, која беше најавена пред неколку дена.
Досега само од мисијата на ЕУ потврдија дека ќе и помагаат на ДИК во новата процедура на ажурирање на Избирачкиот список.