Колумна на Кире Наумов, претседател на комисијата за финансии на СДСМ за Слободен печат, 13.06.2016 година
Независно од тоа на кој начин ќе се урне овој режим, идната влада на Р. Македонија мора да оспори еден дел од јавниот долг, кој во принцип е створен исто како и оној од фамилијата на Тиноко во Костарика. По којзнае кој пат ќе повторам дека сите аукции на домашен пазар и нето-долгот створен во периодот по формирањето на „владата од Пржино“, според дефиницијата на судијата Вилијам Тефт не можат да паднат на товар на граѓаните односно да се третираат како јавен долг. Како што во Костарика одлуките за задолжувањето биле донесени само од едниот дом на парламентот, кај нас сите аукции се распишани еднострано само од министерот за финансии без согласност на дополнителниот заменик-министер. Паралелно со тоа, Владата во ниту еден момент не објаснува зошто се потребни нови задолжувања кога при емитувањето на еврообврзницата во 2015 министерот изјави дека се обезбедени сите средства за 2016 година.
Комитетот за заштита на правата бара ТВ дуели со Зврлевски и Илиевски
Што би рекол Тефт „за да постои легитимен јавен долг, потребна е јавност, односно каков било бенефит за народот на таа држава од таквиот долг“. Во случајот со владата на Тиноко/Груевски не постои никаква корист за народот на Костарика/Македонија од јавниот долг што бил создаден во времето на неговото владеење, па тој арбитрира дека не постои суверен долг односно долг на државата, туку може да се зборува само за приватен долг на Тиноко/Груевски и на неговиот брат – кум и некои други членови од владата.
Повеќе ТУКА
