Планетата на љубовта Венера во петок ќе влезе во знакот на Ракот и ќе се задржи таму до 12 јули. Тоа значи дека претставниците на зодијачкиот знак, како и останатите во Зодијакот, ќе се радуваат на повеќе хармонија, романтика, емоционална безбедност, а некои и на нова љубов. Повеќе видете во љубовниот хороскоп.
Овен
Ако се наоѓате во сериозна врска, но сè уште не живеете под еден покрив со партнерот, оваа недела може да донесете одлука што ќе ве собере во еден дом. Од друга страна, ако се наоѓате необврзувачка врска, има шанса работите меѓу вас да се развијат во нешто посериозно. Венера ќе биде во вашиот сектор на домот и семејството, па затоа искористете ја нејзината позиција.
Бик
Ќе уживате во хармонија помеѓу вас и партнерот. Од петок до 12 јули, Венера ќе ви ја даде својата поддршка во комуникацијата. Можно е да се донесат и важни одлуки поврзани со финансиите. Уживаат во романтични моменти.
Близнаци
Очекувајте финансиски поттик оваа недела! Од петок до 12 јули, Венера ќе се движи во секторот кој е одговорен за зголемување на профитот, приходите. Клучна фигура тука може да биде вашата партнерка. Довербата меѓу вас и вашата сакана ќе се зголеми, а исто така ќе се чувствувате повеќе вредни за него или неа од било кога.
Рак
Дали сте подготвени за прилив на романтика и пријатни љубовни емоции? Венера ќе биде во вашиот знак до 12 јули, ќе ве направи повитални и ќе ви помогне да ја привлечете љубовта кон себе. Ако се наоѓате во врска, влијанието на планетата на љубовта ќе ви помогне да уживате еден со друг на вистински начин. Уживајте во моментите!
Лав
Романсата ќе ве гони оваа недела. Вие и партнерот сте жедни за повеќе моменти во кои ќе поминувате време заедно. Ако има некаков хаос во врската, обидете се да ги поправите работите. Ако сè уште не сте го пронашле својот партнер, подајте се на повеќе социјални контакти и отворете ја свеста за љубов.
Девица
Социјалниот живот ќе биде клучот за љубовниот живот. Можно е да се добие признание од пријател што ќе ви ја открие нејзината или негова љубов. До втората недела на следниот месец ќе може да се радувате на хемијата меѓу вас. Има и друга опција за вас, која крие ново и интересно познанство во интернет. Бидете отворени.
Вага
Омилениот човек ќе ве поддржи и е можно да се издигне во кариерата. Од друга страна Венера ќе влезе во вашиот сектор на кариерата и личен развој. На некој начин љубовниот живот ќе се поврзе со работата. Покажете ја вашата благодарност до партнерот за поддршката која ви ја покажува.
Шкорпија
Дали сте подготвени да го планирате вашиот одмор од соништата во странство? Оваа недела одвојте време со партнерот и направете планови. Ѕвездената карта покажува дека ви претстои пат зад граница. Алтернативно, ако немате партнер, има шанса да сретнете некоја интересна личност за време на патување или на социјален настан.

Стрелец
Финансиски позитивни вести ќе ве израдуваат вас и најблискиот човек. Најверојатно партнерот ќе добие неочекувани приходи. Исто така, ако имате заеднички инвестиции, тие можат да ви донесат профит. Одвојте време за повеќе романтика.
Јарец
Иако љубовниот живот започнува оваа недела мирно, Венера ќе ви подари еден подолг период, кој ќе ја зголеми хармонијата помеѓу вас и партнерот. Ќе ви биде полесно да комуницирате, да дискутирате важни прашања и да донесувате одлуки. Најубавото е дека ќе имате желба да го изненадите партнерот пријатно.
Водолија
Канцелариската романса може да е на хоризонтот. Обрнете внимание на сите сигнали кои ги добивате од ваш колега, особено откако петок. Можно е да се разбере дека тој или таа веќе подолго време имаат интерес за вас. Ако сте необврзани има шанса да се обрне внимание на овие љубовни сигнали. Не само што ќе бидете поласкани, но и заробени од љубовта.
Риби
Љубовниот живот е на пат да стане поинтересен. Венера ќе падне во секторот на љубовта. Како резултат ќе имате многу можности да се сретнете со нова љубов. Единствено што може да направите е да ги искористите предностите на вселенската поддршка во овој момент. Отворете го срцето за можностите.