Reuters: Нешто невидено се случува со Велика Британија пред Брекзит

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Паника од отцепувањето, па  Британци брзаат да се решат за државјани на други земји од ЕУ

1465876075-1

Во пресрет на референдумот за британското членство во ЕУ, кој ќе се одржи на 23 јуни, Британци брзаат да станат француски државјани. Официјални француски претставници засега не можат да обезбедат податоци колку Британци веќе аплицирале за француски пасош, пренесоа агенциите.Еден од оние британски граѓани е 29-годишната Тејлер-Џонс, . Таа признава дека одлучила да прифати француска националност, кога почнала целата приказна со Брекзит. Трејси , која е израсната во Ница, рече дека поднела документи за француски пасош уште кога британските конзервативци ветија организирање на референдум за европското членство, ако победат на парламентарните избори, одржани во 2015 година Досега според правилата на ЕУ британскиот пасош на Тејлор-Џонс и ги даваше истите права да работи и живее во Франција како на Французите, но во случај на Брекзит може да и се наложи да сака дозвола за престој на француска територија . Друг кандидат за добивање на француски пасош е 28-годишниот Џек Макнијл кој живее во Франција од шест години и ја смета оваа земја како свој дом.британци

Тој работи во меѓународна организација, со седиште во Париз и не сака да се најде во ситуација во која ќе треба да бара дозвола за престој во Франција, ако Велика Британија ја напушти ЕУ. Макнијл кој е од Единбург, вели дека за да стане човек француски државјанин, тој мора да прифаќа вредностите на француската држава – слобода, еднаквост и братство. Тоа значи да си француски државјанин.Можеш да си од која и да е етничка заедница, првиот твој јазик може да биде кој и да е, но ако веруваш во вредностите на француската држава, во нивната важност, во важноста да ги подигаш , тогаш ти си Французин како и секој друг, како Едит Пјаф, вели Макнијл.

Постојат неколку начини човек да стане француски државјанин, на пример преку брак или при одреден период на престој во Франција, како во некои случај овој период треба да е најмалку 5 години, објаснува Ројтерс, пренесува БТА. Велика Британија и Франција им овозможуваат на своите граѓани да имаат двојно државјанство. Во 2014 година 279 Британци станаа француски државјани. За минатата година податоците покажуваат дека меѓу 205 и 354 Британци станаа француски државјани.