Facebook сам го блокира ширењето на мислења по одредени теми од вестите во профилите на корисниците. Така барем тврдат поранешни вработени на компанијата пред “Гизмондо”. Тие велат дека биле дел од тимот редактори и нивната задача била да се утврди што да се гледа, а што не, во новинарскиот проток.
Тие редовно требало да спречуваат ширењето на вести за Мит Ромни, Ранд Пол, дискусии по конзервативни теми и др. Правилото важело дури и за публикации, кои имале т.н. ограничена популарност. Тие се ширеле меѓу корисниците доброволно и во голем обем и не се платени. Така протокот на вести на Facebook се дефинирал од самата социјална мрежа, по нејзините сопствени внатрешни правила за релевантна содржина. И покрај тврдењата на компанијата дека њузфидот автоматски регулира релевантни содржина за секој корисник.
“Во зависност од тоа кој е на смена, различни работи се закочуваат од ширење или пак дистрибуирани уште повеќе”, коментира поранешен вработен кој побарал анонимност.
“Кога јас работев на смената, гледав вести за Мит Ромни или Глен Бек пример или други конзервативни теми кои колегата ги ставил на црната листа, бидејќи не ги прифатил како вест или пак е со други ставови”, додава тој.
Поранешен новинарски куредактор исто така тврди дека изборот на темите е субјективен и нема врска со нивната популарност меѓу корисниците. Дури би требало да се избираат извори на вести, кои не се толку конзервативни. Други поранешни редактори пак велат дека не знаат дека слични активности се правени свесно од вработените.
Тие сепак потврдуваат дека добиле друг тип инструкции. На пример ако корисниците не обрнуваат особено внимание на веста која раководството на компанијата ја смета за важна, таа и покрај тоа треба да биде ставена во листата со најпопуларните и да се појави во профилите на корисниците. Имало случаи кога оние засилени по вториот начин теми потоа и всушност се претвораат во најчитаните на социјалната мрежа.
Можен ли е нов дијалог меѓу владата и ПКК во Турција?
Имало и дозвола водечките вести на големи медиуми директно да бидат ставени во најчитаните дури и тоа да не е така. Вработените ги даваат за пример нападите против весникот “Шарл ебдо” и исчезнувањето на малезискиот Боинг како и два случаи кога вести биле “инјектирани” на првите позиции пред самите корисници да им обрнат внимание.
Портпаролот на Facebook категорично ги oтфрли нападите.
“Ние сме платформа за сите луѓе и сите перспективи. Постојат строги правила за тимот кои ги водат материјалите за да се гарантира постојаност и неутралност. Правилата не дозволуваат потиснување на различни политички ставови, ниту дозволуваат приоритетните на една гледна точка спрема друга или еден медиум во однос на друг “, вели тој.
Последователно и потпретседателот на Facebook Том Стоки објави дека компанијата спровела внатрешна истрага. “Не најдовме никаков доказ дека некој ги манипулирал популарните публикации”, коментира Стоки.
Репортажата предизвика толку сериозен одек што треба лично шефот на Facebook Марк Зукерберг да вети целосна истрага. Тој најави дека ќе се заземе лично со случајот и ќе иницира директна и отворена дебата. “Го прифаќаме напишаното многу сериозно и спроведуваме целосна истрага, што ќе осигура дека екипите ја почитуваат објективноста на производот. Досега не сме откриле докази дека написот е веродостоен. Ако откриеме што и да е мешто што е спротивно на принципите , го имате моето ветување дека ќе преземеме се што е потребно за да го решиме “, напиша на Фејсбук профилот Зукерберг.
Тој додаде дека ќе ги покани водечките конзервативци, како и луѓе со различни политички ставови на разговори. “Сакам да оствариме директна дебата за тоа што значи Facebook и како да сме сигурни дека нашата платформа ќе остане што е можно поотворена”, посочи лидерот на социјалната мрежа.
“Причината поради која е толку важно за мене, е дека достигнува до јадрото на сè што е Facebook, и сите што сакате да биде. Секој инструмент, кој го создаваме, е направен така што да дава глас на повеќе луѓе и да го собере глобалното општество. Додека јас раководам со оваа компанија, тоа секогаш ќе е нашата мисија “, категоричен е Цукерберг.
