(ВИДЕО) Орав и Бејли по средбата со политичките партии најавуваат можен излез од кризата во текот на неделава

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли одржаа поединечни средби со претставниците од партиите потписнички на договорот од Пржино.

– Имавме средба со партиите како и претходните денови. Се надеваме дека ќе има напредок во деновите што следат, рече амбасадорот на САД, Џес Бејли.

На поединечни средби отидоа Радмила Шекеринска од СДСМ, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, а од ДУИ Артан Груби, додека ДПА решија да не присуствуваат.

– Имаме блиски средби и разговори со партиите, се надевам дека за брзо ќе постигнеме договор, рече амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав.

Со средбите, амбасадорите имаат цел подоцна да се случи лидерска средба, а неофицијално, постои можност партиски претставници повторно да седнат на иста маса до крајот на денот./извор а1он

 

Слични содржини