“Леседи ла Рона” може да биде купен за над 70 милиони долари.
“Леседи ла Рона”, најголемиот необработен дијамант во светот беше прикажан во Лондон, пред да оди на аукција овој месец, пренесува Ројтерс.
1109-каратаниот скапоцен камен може да најде купувач кој ќе плати над 70 милиони долари. Уникатниот дијамант беше откриен минатиот ноември во Боцвана од канадската компанија “Лукара Дајмонд”, соопштија светските агенции.
Во превод на јазикот тсвана називот на скапоцениот камен значи “Нашата светлина”. Се претпоставува дека е стар меѓу 2,5-3 милиони години. Пред тоа аукциската куќа “Сотби” го покажа и во Њујорк. Аукцијата е предвидена за 29 јуни.
Најголемиот откриен некогаш дијамант е 3106-каратниот “Кулинан”, изваден од земните длабочини во Јужна Африка во 1905 година Тој бил поделен на 9 скамопеви обработени дијаманти кои се икористени за декорација на британскиот скиптар, круна и кралски накит.
