(ВИДЕО) Шарената револуција одбројува: Уште 4 дена

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Остануваат уште четири дена, порача „Шарената револуција“ со натпис закачен на фасада во централното градско подрачје.

13466096_1012889848788586_1358665221857063316_n-860x680

Како што напишаа на нивната страница на „Фејсбук“ на Уставниот суд му остануваат уште четири дена да се произнесе по иницијативата за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

„Непочитуван Уставен суд (или како и да те нарекуваат), остануваат уште четири денови до рокот што ти го испорачаа граѓаните кои протестираат со ’Шарена револуција’ и ’Протестирам’. Насетуваме дека немате намера да се произнесете и дека со тоа можеби најавувате идно укинување на Специјалното јавно обвинителство. Мисли Уставен суд, размисли и присети се колку гнев има меѓу граѓаните и на што се спремни за да ја одбранат правдата“, пишува на страницата на „Шарената револуција“./извори Мета и а1он

 

 

Слични содржини