Цветков: Во буџетот нема ставка за интервентен откуп на ориз

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Интервентен откуп на ориз за државните стокови резерви тешко може да се изведе, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Како што изјави министерот, проблемот e во тоа што во државниот буџет не била предвидена таква ставка.

mihail-cvetkov

Инаку пред само една недела, заменикот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски на производителите на ориз им најави дека владата ќе дозволи интервентен откуп на ориз за стокови резерви.

Во кочанско стојат неоткупени дури 70 отсто од ланската реколта. Министерот Цветков, рече дека можно е на земјоделците да им се плати надоместок за секој предаден килограм ориз на откупувачите и на таков начин да го решат проблемот.

Останува прашањето како владата планира да ги стимулира откупувачите, кои речиси комплетно го стопираа откупот поради слабата побарувачка на пазарот./извор Мета