Повеќе од јасно е дека станува збор за фрустрација и реваншизам на Груевски кон ДС, партијата на Павле Трајанов, која одамна веќе не е колационер на ВМРО ДПМНЕ, отоколу за потреба на нов кадар на владата на заминување.
Извршителот на Груевски , актуелен премиерот Емил Димитриев освен избор на Кирил Миновски за нов министер за финанисии , за денеска пред Собранието треба да ја разреши Драгана Кипријановска, актуелен заменик министер во МНР. На местото на Кипријановска Димитриев го предлага Илија Исајловски, актуелен амбасадор на РМ во Кина. Кипријановска беше на функцијата на предлог на партијата на Павле Трајанов, како дел од коалицискиот договор по изборите во 2014.
Од ДС велат дека разрешувањето на Кипријановска доаѓа откако Трајанов ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ и отворено покашува спротиставување на политиките на Груевски. Оттаму порачувата дека слична судбина очекуваат да ги снајде и останатите функционери кои се на предлог на ДС, и веќе се почнало со разрешувања во третиот ешалон.
За Демкратскиот сојуз , ова се очекувани потези на губитник, и се гордеат со тоа што нивните кадри работеле во интерес на државата , а не во интерес на криминалот и урнисување на институциите и угледот на државата