Специјалниот германски пратеник во Македонија, Јоханес Хајндл ја посетил и Атина и грчкото Министерство за надворешни работи. Грчкото МНР не ја потврдува посетата, а неофицијално дипломатски извори велат дека Хајндл бил деновиве во Атина на средби во грчкото МНР.
Според дипломатите кои сакаа да останат анонимни, тој остварил средба со политичкиот директор на Министерството, Петрос Мавроидис, но не се знае дали можеби имал контакт и со министерот Никос Коѕиас. Мавроидис раководи со групата на грчкото МНР која е во директни контакти со македонското министерство околу мерките за градење доверба
Средбата била непосредно по последната рунда разговори меѓу претставниците на македонското и грчкото МНР околу мерките за градење доверба, која се одржа во понеделникот.