Русија го пушти во вода најголемиот атомски мразокршач на планетата “Арктик”, пренесе РИА “Новости”. Церемонијата се одржа во Балтичката бродска фабрика во градот Санкт Петербург. Случајно или не настанот се совпадна со првиот ден од отворањето на Меѓународниот економски форум во градот.
“Арктик” е со должина 173,3 м., Ширина 34 м. и носивост 33 500 т. За функционирањето на бродот се потребни вкупно 75 членови на екипажот. Изградбата на траеше вкупно три години. А есента петербургшките бродоградители се зафатија со следниот мразокршач од серијата.
Иако “Арктик” докажа дека може да се лебди над водата, тој се уште не може да плови. До крајот на следната година, бродот треба да го добие своето срце – имено својот нуклеарен мотор. Тој ќе биде со моќност 175 мегавати. Со негова помош мразокршачот ќе може не само да се движи, но и да отвора 3-метарски пат меѓу северните мразови.
Русија има амбиција да изгради вкупно три такви мразокршачи. Првиот од серијата беше “Сибир”, пуштен во вода лани , вториот е “Арктик”, а последен ќе биде “Урал”.
Со нивна помош земјата има амбиција да го проучува и запознава Северниот Пол, кој станува достапен заради затоплувањето на климата.
