Нов дефект се случи денеска во најголемиот производител на струја во државата, РЕК Битола, кој што раководството го пријавил во битолската полиција, сомневајќи се дека станува збор за диверзија, тврдат од СДСМ. Нема повредени работници, но полициски инспектори вршат увид, откако се случил хавариски испад на сигурносни вентили на првиот блок во Рударско енергетскиот комбинат.
-Раководните кадри од РЕК Битола ги обвинуваат вработените дека станува збор за диверзија за штое повикана и полиција,па сега делод вработените во БЛОК 1се на испитување, се земаат изјави, отисоци, односно се преземаат полициски работи како за кражба на банка, изјави Благојче Котевски од ОО на СДСМ-Битола.
Што точно се случи денеска во комбинатот од полицијата не соопштуваат, но потврдуваат дека полициските инспектори работата по добиена пријава.
Нема одговор ниту од комбинатот.
Во вторникот тројца работници од фирма изведувач во РЕК Битола, беа префрлени во битолската болница, откако вдишиле поголемо количество прашина, затоа што неочекувано се вклучил млинот за јаглен додека тие работели во термоблокот кој започнал да испушта голема количина на прашина. И за овој настан полиција, обвинител и трудов инсепктор извршија увид, а причинита дополнително ќе се утврдуваат.
Од СДСМ велат дека ваквата состојба во РЕК Битола се должи на незнаење, поставување партиски кадри и недисциплина во овој стратешки објект, со што во опасност се животите на вработените и целокупната оперма во комбинатот, заради што бараат оставка од раковоството на РЕК и ЕЛЕМ. /извор Телма
