Во фаза на проектирање е железничкиот пат кој ќе ги поврзе Македонија и Албанија, информираат од министерството за транспорт и врски.
Трасата по која треба да поминува железницата ќе биде долга 63 километри. со воз ќе се поврзат Кичево и албанскиот град Лин, а предвиден е и крак до Охрид. од министерството велат дека железницата ќе биде дел од коридорот 8, односно Албанија и Бугарија треба железнички да се поврзат преку Македонија. проектирањето ќе трае до две години по што ќе знае вредноста на оваа инвестиција. Македонските власти се надеваат дека пари за овој значаен регионален проект ќе се обезбедат од ИПАР фондовите.
