Неколку дена по почетокот на воените дејствија меѓу Советскиот Сојуз и Германија во јуни 1941 година, амбасадорот на Бугарија во Москва Иван Стаменов бил поканет во ресторан “Арагви” од некој си Павле Анатолиевич Павлов,кој се претставил како секретар на Верија. Ова се вели во написот на Никита Петров, објавена денеска во “Новаја газета”. Она што бугарскиот дипломат го чул на средбата, било навистина уништувачко. Сталин сакал да го испрати на Германија предлог за мир, притоа бил подготвен да направи огромни територијални отстапки на Берлин.
Доста подоцна се утврдило дека на средбата со Стаменов бил Павле Судоплатов, висок разунаваќ, шеф на посебна група на НКВД. Тој имено му ги предал на дипломатот предлозите до Хитлер. Она што било напишано во нив како стил не оставајќи никакво сомневање дека автор е никој друг, туку самиот Сталин.
Наведено е јасно- што би ја насочило Германија, за да ја запре војната против Советскиот Сојуз, под кои услови би се дошло до прекин на воените дејствија.
Судоплатов добро разбирал дека такво дејство од негова страна може да доведе до негова ликвидацијау, како и на целото негово семејство, ако Сталин и Верија одлучат дека извршил предавство.
“Дијалог” санкции против закани
Подоцна, по неговото апсење во 1953 година, кога Сталин веќе е мртов, Берија потврдува за акцијата на Судоплатов пред истражната комисија од високи партиски функционери. Тогаш станало јасно дека во предложените од шефот територијални отстапки на Хитлер влегуваат и Прибалтикот и Украина, не целите, но значителни делови од нив.
Средбата на Судоплатов со Стаменов била нарачана лично од Сталин. Тој го прашал Берија дали Бугаринот е уште во Москва и откако добил позитивен одговор, му дал на семоќниот тогаш Берија задача. Последната енкриптирана пошта на бугарската амбасада во Москва е следан , за да се разбере дали предлогот на СССР е предаден во Берлин.
И досега не се знае сигурно дали предлозите на Сталин стигнале до Хитлер. Јасно е само дека од Берлин не дошол никаков одговор по нив. Во тие денови во германија сите верувале дека војната ќе биде добиена и не им требало попусти, откако и самите можеа да ги заземаат овие територии.


