Демонстрантите од Шарената револуција денеска на масовен протест кој треба да почне во 19 часот пред зградата каде што е сместено Специјалното јавно обвинителство.
„Режимот планира да го укине СЈО, граѓаните доаѓаат по правдата“, велат шарените. Тие дадоа ултиматум до 18 јуни да се формира техничка влада, Ѓорге Иванов да даде оставка, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, итно формирање на специјален суд, каде ќе се процесуираат предметите од Специјалното јавно обвинителство и во преговорите да биде вклучен и невладиниот сектор, но ниедно од нивните барања не беше исполнето.
ВМРО-ДПМНЕ со автобуси и закани ќе носи контра демонстранти во Скопје
Кога ги кажуваа барањата, демонстрантите истакнаа дека доколку истите не се исполнат, тие ќе ги земат работите во свои раце.
Во меѓувреме власта повика на контрапротест, исто така денеска во Скопје. Преку смс пораки членовите на ВМРО ДПМНЕ се повикуваат да дојдат во Скопје и дадат наводно поддршка на битолскиот криминален градоначалник Владимир Талевски
Колку за провокација и подгревање на незадоволството меѓу граѓание полицијата под контрола на власта, синоќа уапси и активист на„ Шарената револуција“.
Упасениот Павле Богоевски сакаше само да постави платно на камениот мост со антивладина порака, колку за реакција на политиките на ВМРО, наспроти роденденската прослава на Груевски и партијата. Тој е уапсен и приведен, а потоа ослободен , под притсок на граѓаните и протестот пред полициската станица . Граѓаните не дозволија тој да остане во протвор, бидејќи освен провокација пред денешните протести, немаше никакво кривично дело за да остане во станица , па за неколку часа Павле Богоевски, еден од лидерите на„Шарената револуција“, беше ослободен.