Љубовен хороскоп од 20 до 26 јуни 2016

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Оваа недела ѕвездената карта покажува дека претставниците на различните хороскопски знаци ќе треба да бидат внимателни со комуникацијата. Можно е и да има некои збунувачки моменти со партнерот. За среќа тоа брзо ќе помине. Што ве очекува видете повеќе во љубовниот хороскоп.d256db8a1a50a438036ccd4daaff9d56

Овен
Во оваа недела ќе може да се донесат важни одлуки во врска со вашата врска. Сонцето се наоѓа во вашиот сектор на романтиката, што може да предизвика желба во вас да останете подолго време насамо со саканата. За оние од вас кои сè уште не ја нашле љубовта, периодот е погоден за нови познанства.

Бик
Романсата ќе блеска за вас оваа недела! Во неделата Јупитер , кој се наоѓа во секторот на вистинската љубов, ќе биде во совршен агол кон Плутон. Како резултат на тоа, силата на љубовта ќе се проширува. Ќе се поврзете на едно подлабоко духовно ниво со партнерот, а можеби и ќе тргнете на убаво патување.

Близнаци
Полната месечина ќе влијае на вашиот сектор на партнерствата и тоа може да влијае на љубовниот живот. Од друга страна Меркур е напнат и тоа ќе ја направи потешка комуникацијата со партнерот. Не брзајте со заклучоците, бидејќи проценката за ситуациите нема да биде точна.

Рак
Вие сте поживописни од Сонцето и тоа нема да остане незабележано од партнерот. Тоа е затоа што Сонцето ќе влезе во вашиот знак и дефинитивно ќе донесе позитивни емоции во љубовниот живот. Обрнете внимание на важен разговор помеѓу вас и партнерот, кој може да се одржи на крајот на неделата. Тој може да донесе промени во вашиот живот.

Лав
Полната месечина во секторот на љубовта ќе ве остави емотивно отворени и ранливи . Добрата вест е дека ќе ве очекува нешто убаво, благодарение на вашата искреност. Сепак размислете колку може да направите компромиси со вашите вредности, за да се чувствувате сакани од партнерот. Ако имате било какви дилеми во врска со чувствата на партнерот може да ги откриете вашата во врска.293ad3bc4e0850246b313bead5585d6f

Девица
Среќа во љубовта ќе имаат и родените во знакот на Девица. Во неделата Јупитер ќе застане во совршен агол кон Плутон, која е планета на трансформацијата. Но не само тоа, Плутон ќе се движи низ вашиот сектор на романтиката и задоволство. Сега ќе имате доверба да направите повеќе позитивни промени во љубовта.

Вага
Иако мирна во однос на љубовта недела, се уште има што да подобрите во односите со партнерот. Во понеделникот ќе се обидете да не гидискутирате сите важни прашања, во спротивно ќе дојде до ќорсокак. На крајот на оваа недела ќе имате можност да остварите позитивни разговори со сакана. Чекањето ќе вреди.

Шкорпија
Љубовниот живот ќе биде малку збунет. Од една страна, стара љубов може да ве потсети на себе, од друга, партнерот може да не пројави разбирање за вашите чувства и емоции. Сакате вие да го донесете крајното решение, треба да се дејствува на вашите планови. За жал тоа нема да се случи во текот на оваа недела. Не е соодветно да донесувате крајни одлуки.

Стрелец
Полната месечина во понеделник ќе ве направи повеќе чувствителни. Иако срцето ќе е широко отворено, ќе бидете премногу ранливи на критиката на партнерот. Од друга страна, вашата емоционалност може да се должи на одлуки кои партнерот ќе ги донесе и за кои го игнорирал вашето мислење. Обидете се да ја балансирате комуникацијата меѓу вас.ab352e57012947634d16f42ec3c3dac9

Јарец
На почетокот на неделава Сонцето ќе влезе во вашиот сектор на партнерствата. Тоа ќе ве натера да обрнете внимание на вашата врска на длабок и емоционален начин. Духовно ќе бидете многу поблиски со партнерот. Безбедноста во љубовта станува витална сега и за среќа, се испоставува дека ќе ја имате.

Водолија
Може да се чувствувате прилично збунети и дури несигурни за романтиката во вашиот живот. Ќе бидете соочени со љубовни одлуки кои нема да се лесни.
Токму кога мислите дека знаете што да правите е можно некој од блиското опкружување да ви влијае со својот ум. Слушањето на срцето не е нужно погрешно, но можеби е подобро да мислите со главата.

Риби
Ако немате поубава половина до себе, не само што ќе сакате тоа да се промени, но и ѕвездите ќе ви помогнат. Во случај да сте во врска, емотивно ќе се чувствувате поблиски со сакана. Уживајте во моментите заедно и не заборавајте за романтични изненадувања.