(ВИДЕО) СДСМ: За незаконските одлуки поднесовме Кривична пријава против судијката Поп Стефанија

од desk3
103 прегледи

Денеска, СДСМ поднесе Кривична пријава против судијката Александра Поп Стефанија.

Одлуката на Поп Стефанија, да се прогласи СЈО ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за незаконското прислушување е спротивна на законот.

Во име на владеењето на правото и законите, одговорност за незаконски одлуки мора да има.

Затоа што никој не е над законите.

-незаконските-одлуки-поднесовме-Кривична-пријава-против-судијката-Поп-Стефанија

Поп Стефанија е незаконски назначена во Одделот за организиран криминал, спротивно на одлуката на Судскиот совет да суди во Одделот за прекршоци, спротивна на Законот за судовите и Правилникот за работа на судот.

Заради неправилности и незаконитости на решението на Поп Стефанија со коешто го прогласи СЈО за ненадлежно, Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 треба итно да го укине.

Потсетуваме на обврската на Судски совет да поведе постапка за нестручно и несовесно работење против судијката Александра Поп Стефанија што донесе решение спротивно на законот.

Исто така, Судскиот совет има обврска да поведе постапка за нестручно и несовесно работење и против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, заради флагрантно кршење на прописите.

Овие незаконски одлуки се очигледен обид да се одбрани криминалната власт од правдата и законите. Ништо друго.

Но, нема бегање од правдата.

Правда ќе има. Секој што го прекршил законот ќе одговара!

Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво.

Слични содржини